• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Развој и поддршка на иницијативи на активистките од локални заедници

декември 08, 2005
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Развој и поддршка на иницијативи на активистките од локални заедници е пилот програма развиена со цел да ги мобилизира и поддржи активистките од локалните заедници во развивање и имплементација на иницијативи кои ќе резултираат со промени на локалните политики во однос на специфични проблеми кои се однесуваат на статусот на жената во заедницата. Цели на програмата:   Јакнење на капацитетите и зголемување на соработката помеѓу активистки од локални заедници; Родова сензибилизација на други релевантни организации, институции, поединци; Интезивирање на дијалог и соработка за прашањата поврзани со родовата еднаквост и Размена на информации и искуства помеѓу активистки од различни заедници   Клучни активности:   Заеднички работилници/ обуки со активистките од локалните заедници структурирани на начин кој им овозможува на активистките да идентификуваат приоритети за делување во согласност со локалните потреби, надградба на нивните знаења и вештини, планирање на иницијативите, следење на постигнатите резултати и размена на информации и искуства. Редовни работни состаноци на активистките од локалните заедници кои се во функција на тековно меѓусебно информирање и подетално планирање на активностите на локално ниво Јавни настани со учество на активистките и претставници на локалната самоуправа, невладини организации, други релевантни институции во функција на подобрување на соработката, отворање на прашањето за потребата од вклучување на родовите прашања во креирањето на локалните политики, промовирање на родовата рамноправност и идентификување можни начини за решавање на ова прашање со заедничка акција и со поделба на одговорноста помеѓу сите засегнати страни во заедницата. Прибирање податоци во функција на идентификување на состојбата во однос на родовата рамноправност како и создавање поволна основа за идентификување на потребите и областите за делување на локалните власти. Обуки наменети за претставниците на локалните власти со цел родова сензибилизација како и подобрување на соработката во насока на заедничко делување за постигнување на родова рамноправност.  

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk