Во 2005 година Акција Здруженска изготви студија “Родова анализа на националната политика на Р.Македонија за информатичко општество“.
Анализата дава одговор на прашањето до кој степен националната политика е родово сензитивна, како и дава препораки за нејзино подобрување од аспект на еднаквите можности за мажите и жените. Студијата е основа за изготвување предлози за дополнување и проширување на Националната стратегија за информатичко општество.
Наодите и препораките од студијата исто така ќе бидат искористени за промовирање на ИКТ помеѓу активистките од Македонија и пошироко.