• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Родовата еднаквост и локалната самоуправа-Општина Битола

февруари 02, 2007
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Целта на овие студии е да го постави прашањето на родовата еднаквост во општините во Република Македонија во контекст на процесите на децентрализација (деконцентрација, делегирање, деволуција) на власта, надлежностите и средствата на единиците на локалната самоуправа. Тоа значи неколку работи: да се преиспита начинот, односно постојните политики и практики во приодот кон родовата еднаквост, а особено статусот и положбата на жените во општините (политичката волја, посебните тела и комисии, стратешките документи, начините на информирање за статусот и за положбата на жените и на мажите во сите сфери на живеењето); да се анализираат новите организациски и управувачки структури кои одговараат на трансформациите на локалната самоуправа, иницирани од процесите на децентрализацијата, и да се дадат на увид тековните стратешки приоди кон прашањето на родовата еднаквост разгледувани во теориите, но и од меѓународните организации, како што се Обединетите нации или Европската унија.   Според горенаведените задачи, прашањето на родовата еднаквост во општините треба да се постави на еден сосема поинаков начин, така што ќе ги рефлектира новонастанатите услови во функционирањето на локалната власт. Во пресрет на реалната примена на Законот за локалната самоуправа, односно во пресрет на локалните избори во 2005 година, како и по формирањето на органите на единиците на локалната самоуправа во согласност со Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, беа организирани многу конференции, семинари и состаноци и беа испечатени голем број т.н. прирачници во кои се расправа за децентрализацијата, за новите надлежности и за организациската поставеност на управувањето со општините. Она што недостигаше во рамките на тие настани беше прашањето на родовата еднаквост. Освен траги од загриженост и претставувањето на планот на Одделението за полова еднаквост при Министерството за труд и социјална политика, на прашањето на родовата еднаквост не му беше посветено големо внимание. Општините се исправени пред предизвикот да се соочат со родовата еднаквост на начин што е согласен со новата улога на локалната самоуправа. Во тој контекст, овие студии претставуваат доволно општа рамка што ќе им овозможи на релевантните актери, на одговорните општински власти, политичките субјекти, невладините организации и на граѓаните на општините да направат исчекор од постојната практика со цел: да ги преиспитаат претпоставките и позициите од кои тргнуваат во промовирањето на родовата еднаквост; да ги преиспитаат односите со централните власти во рамките на активностите што ги преземаат во сферата на еднаквоста, и да ги реорганизираат структурите на дејствување, во согласност со новите управувачки процеси.   Студијата е конципирана околу неколку прашања коишто допираат тематски целини од сферата на родовата еднаквост, како на пример: Како да се дојде до одредена политика за родова еднаквост, односно до политика за родово балансиран развој во општините? Како да се развијат методологии за родова анализа на локалните секторски политики? Како да се идентификуваат индикатори за прибирање, анализа и за обработка на податоците кои се релевантни за родовата анализа на локалните политики? Како да се идентификуваат потребите и приоритетите во насока на родово балансиран развој на општинате?   Но, студиите не прејудицираат на тоа да дадат комплетен одговор на тие прашања, туку да помогнат во критичкото преиспитување на она што е направено досега во сферата на родовата еднаквост, да понудат разјаснување на стратешките приоди за постигнување на родова еднаквост и да повикаат на трансформација на управувачките процеси и на креирање на секторски политики. Понудените препораки се можни насоки на тој пат.

Родовата еднаквост и локалната самоуправа-Општина Битола

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk