Спроведување на обуката-преку три тродневни и еден четиридневен модул
Обуката се спроведе преку три тродневни модули за испорака на
содржини кон 12 учеснички и усовршување на нивните презентациски вештини и еден
четиридневен модул за практично вежбање пренос на содржина од страна на
учесничките.
По завршување на секој од модулите се даваше посебна повратна
информација од страна на обучувачките кон секоја од учесничките. Повратната
информација се однесуваше на нивниот напредок, нивните пропусти на кои треба да
поработат и на презентациските вештини.
Обуката ја спроведоа Марија Савовска и Лидија Илијевска,
членки на тимот обучувачки на АЗ.
При испорака на содржините на модулите се користеше метод на
интеракција, презентација, работа во групи, дискусија, аргументирање и давање на
повратна информација.
Во текот на месец ноември, декември 2008 и јануари 2009 од
страна на учесничките ќе бидат испорачани четири работилници на млади Ромки од
Република Македонија со цел практична примена на стекнатите вештини.
Следуваат темите и целите на четирите модули:
Прв модул: „ Родови односи, женски права, историја
на женското движење и клучни области за Ромки во Р.М ”
Време на одржување: 19-22.06.2008
Цели :
1.Запознавање со процесот на обучувањето
2. Разбирање на процесот и специфичниот контекст во кој се
развива родовиот идентитет, социјалните улоги, последиците од нееднаквата
распределба на моќта во општеството
3.Запознавање со статусот и улогата на жената во општеството,
особено на Ромките
4. Воведување во дизајн на обука
Втор модул : „Комуникација и аргументација”
Време на одржување: 03-06.07.2008
Цели :
1.Запознавање со процесот на реализација на обука
2.Стекнување вештини за успешна комуникација
3.Увид во стекнатите знаења и вештини за концепирање и
реализација на обука
Трет модул : „Јавно застапување”
Време на одржување: 14-17.07.2008
Цели:
1.Запознавање со процесот евалуација и известување од обука
2.Запознавање со процесот и клучните чекори во ЈЗ
3.Стекнување на основни знаења и вештини за застапување на правата на Ромките
во Р.М.
4.Усовршување на презентациски вештини
Четврт модул: „Практично вежбање на пренос на содржина од
страна на учесничките“.
Време на одржување: 19-22.09.2008
Учесничките кои беа поделени во три тима, a врз основа на
дизајните кои ги подготвија одржаа по една еднодневна работилница на следниве
теми: Тим 1- Род-родова еднаквост; Тим-2 Дискриминација/права на жените и Tим 3-
Дискриминација/права на жените. Бидејќи овој модул претставуваше подготовка за
практична примена на вештини секој од тимовите содржините ги испорача пред
останатите учеснички на обуката за обучувачки.