УЧЕСТВУВАЈ, ПРЕДЛОЖИ, ПОБАРАЈ! Време е жените да се замешаат во јавните работи

Во текот на 2017 година реализирана е online кампања за поттикнување на женско граѓанско учество „УЧЕСТВУВАЈ, ПРЕДЛОЖИ, ПОБАРАЈ!”. Кампањата е заснована на дизајнирани картички со кратки пораки кои се однесуваат на различни аспекти од животот на жените (и потребите) кои се директно поврзани со надлежностите на локалните власти.

Kампањата достигна публика од над 60.000 корисници на социјални медиуми (http://bit.ly/pobaraj).

Оваа кампања е развиена како дел од иницијативата за „Развој на стратегии за зголемување на вклученоста на жените на локално ниво“ спроведена од Акција Здруженска како партнер на Консалтинг за стратешки развој Скопје, а поддржана од UN Women во рамки на регионалниот проект за Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.