УН Фонд на ОН доделува грант на Македонија за справување со насилството врз жената

24 Ноември 2005, Скопје – УНИФЕМ за Централна и Источна Европа и УНДП во Македонија со задоволство објавуваат дека Фондот на ОН за елиминација на насилството над жените додели грант на проект во Македонија што го спроведува Здружението на граѓани Акција Здруженска Скопје, во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ).

 

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.