Прва дводневна работилница за мониторинг тимовите на локални НВО

„Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“.

Прва дводневна работилница за мониторинг тимовите на локални НВО „Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“.

Од 28-30.05.2010 год. во Х. Белведере, Охрид се одржа дводневна едукативна работилница „Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“на која присуствуваа 22 монитори од 11 НВО.

Целта на оваа едукативна работилница беше да се прошират знаењата и информираноста за поширокиот контекст на специфичните политики за родова еднаквост, меѓународните актери и нивните програми/активности, консултациските рамки во граѓанското општество и важноста од зајакнување на мониторинг улогата на женскиот активизам. Дел од работилницата беше биде посветен на развивање на нацрт рамка за мониторинг.

Оваа активност се реализира во рамките на годишната програма на Акција Здруженска финансиски поддржана од Програмата CIVICA Mobilitas, Фондација Институт Отворено Општество-Македонија и Balkan Trust for Democracy

Фотогалерија:

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.