На 30 јули, претставнички на Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе, одржаа средба во село Дорфулија, општина Лозово, со жени од локалните женски кружоци.
Жените од Дорфулија имаа можност да се запознаат со достапните социо-еконоски мерки и можности за поддршка во руралните средини.
На средбата беше дискутирано за начините на пристап за поддршка на жените земјоделки и улогата на жените во локалниот развој. Присутните жени споделија искуства, предизвици и идеи за подобрување на животот во селото и ја истакнаа потребата од континуирана подршка.
Во рамкиет на работилницата беа предложени нови мерки за социо-економските потреби на жените од Дорфулија и Лозово.
Обуката ја спроведе тимот на ГИЖ Свети Николе, а Проектот е во рамки на иницијативата „Жените го превземаат водството во локалните заедници”, спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Акција Здруженска, Хуманитарното здружение Мајка – Куманово, а е финансиран од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и ко-финансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.