Во Кадрифаково денеска се одржа работилница за инструктажа, на која беше објавено формирањето на нов Женски кружок.
Овој кружок ќе претставува простор за дружење, взаемна поддршка, солидарност и заедничко делување на жените од заедницата. Преку редовни средби, иницијативи и активности, жените ќе имаат можност да ги споделуваат своите идеи, потреби, приоритети и предлози за подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница.
Во граѓанската иницијатива на жени ГИЖ Св. Николе, истакнуваат дека секоја жена носи знаење, искуство и сила кои можат да придонесат кон позитивни промени и зајакнување на заедницата.





