Во хотел „Глориус“ во Велес, на 14 и на 15 ноември се одржа дводневна работилница за градење на капацитетите за национално застапување, наменета за субгрантисти и активистки.
Активностите во рамки на работилницата помогнаа жените да ги зајакнат знаењата и вештините за ефективно застапување во јавните политики, со посебен фокус на еднаквоста и правата на жените.
На првиот ден имаше интерактивни сесии посветени на улогата на институциите и нивното функционирање во корист на граѓаните. Преку работа во мали групи и практични вежби, учесничките се запознаа со основите на институционалното застапување и механизмите на Европската Унија.
Вториот ден во фокусот беше застапувањето во јавните политики на национално ниво. Беа одржани сесии за мапирање на релевантни актери, а во фокусот беше и изборот на соодветни стратегии за застапување.
Посебен акцент беше ставен на застапувањето за еднаквост и правата на жените, преку практични вежби, симулации и играње улоги во институционален контекст.
Работилницата заврши со евалуација на постигнатите резултати. Организаторите истакнаа дека ваквите настани се клучни за јакнење на женското учество во процесите на донесување одлуки и за унапредување на родовата еднаквост во општеството.





