Четврта средба – Стандардизирање на директните услуги за жртвите на семејно насилство

Здружението на граѓани „Акција Здруженска” и Здружението за еманципација,
солидарност и еднаквост на жените на Р.Македонија – ЕСЕ, на 24.04.2007 година во
Скопје, организираа средба за претставници од Центрите за социјална работа и
невладини организации кои обезбедуваат директни услуги за жртви на семејното
насилство.

Ова е последна средба предвидена како дел од активностите во насока на
стандардизирање на директните услуги за жртвите на семејно насилство, во рамките
на проектот “Воспоставување унифицирани и позитивни практики за справување со
семејното насилство во Македонија”.

На оваа средба членовите на работната група работеа на финализирање на
стандардите за спроведување на мерките за заштита предвидени во Законот за
семејство, кои ќе бидат прифатени во согласност со стандардите предвидени во
Законот за социјална заштита и ќе бидат дел од мандатот на сите обезбедувачи на
социјални услуги на територијата на Република Македонија.

Фотогалерија:

 

 

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.