Акција Здруженска на консултации во Брисел

Акција Здруженска заедно со уште 12 организации од шест земји од Западен Балкан, во периодот од 5 до 8 ноември 2018 година беа дел од неделата на консултации за застапување во Брисел.
Консултациите беа организирани од Kvinna Till Kvinna Foundation и имаа за цел преку директни состаноци со претставници на ЕУ институциите (EEAS, MEPs, EC/DG NEAR) да се придонесе кон родова еднаквост во процесите за пристапување во ЕУ.

[envira-gallery id=”3800″]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.