Втора серија едукативни работилници во Добрејци, Мустафино и Дебар – Едукативна програма за зајакнување на жените во заедницата

Во текот на месец октомври 2018 година се одржа втората серија едукативни работилници за изнаоѓање конкретни решенија за реалните проблеми за чие надминување се одговорни општинските власти. На работилниците учествуваа вкупо 37 жени од Добрејци, Мустафино и Дебар.

Целта на работилниците е да се идентификуваат заедничките приоритети / прашања како потенцијални теми за застапување со фокус на способноста на жените да формулираат и да аргументираат потенцијални решенија за проблемите во заедницата кои ќе бидат презентирани пред претставниците на локалните власти за време на состаноците и консултациите.

Едукативната програма за зајакнување на жените во заедницата се реализира во рамки на проектот „Активни жени отчетни власти“ кој е финансиски поддржан од Фондацијата Kvinna Till Kvinna.

[envira-gallery id=”3786″]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.