Завршен настан на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“

На 27 март 2018 во Јавна Соба во Скопје се одржа завршен настан за промоција и споделување на резултатите од реализација на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“на централно ниво.

Пред присутните беше промовирана публикацијата Третманот на родот во општинските програми и буџети Сумарен извештај од следење во општините Струмица, Кавадарци, Радовиш, Центар и Карпош

Настанот беше можност за размена на искуства од реализација на мониторингот на процесот на програмирање и буџетирање за 2018 во општините Струмица, Кавадарци, Радовиш, Центар и Карпош, спроведен од страна на Организација на Жени-Струмица; ОЖ Визија-Кавадарци; Женска Акција-Радовиш и Една Може-Скопје.

Истовремено, на 10 претставнички од организациите им беа доделени потврди за учество во стандардизиран модел на зајакнување „Родот во буџетското планирање“ спроведен од Акција Здруженска, кој подразбира активен ангажман во идентификација, следење и застапување на приоритетните потреби на жените од локалната заедница кај локалните власти.

Civica Mobilitas Program is supported by Swiss Agency for Development Cooperation implemented by NIRAS from Denmark, Macedonian centre for international cooperation from Macedonia and SIPU from Sweden.

[envira-gallery id=”3589″]