Одржани две еднодневни обуки во Тетово од областа на родови односи и родова интеграција

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје во партнерство со Институтот за развој на заедницата од Тетово, организираа две еднодневни обуки од областа на родови односи и родова интеграција, предвидени во Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово.

Првата еднодневна обука „Основни концепти на родот и пристапи за унапредување на родовата еднаквост“ се одржа на 20.10.2015 во Хотел „Лирак“ Тетово.

Втората еднодневна обука „Родова интеграција и родова анализа“ беше одржана на 21.10.2015, на истата локација.

Учесници беа претставници од граѓански здруженија и општински власти.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.