Прекугранична мрежа за соработка за родова еднаквост Македонија – Косово

Во рамки на двегодишниот проект „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“ воспоставена е прекуграничната мрежа од 14 организации од Македонија и Косово кои ја изразија својата посветеност за продолжување на прекуграничната соработка преку воспоставување и понатамошен развој на прекуграничната мрежа за соработка за унапредување на родовата еднаквост.

Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА-инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, а реализиран од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје, во партнерство со Косовскиот центар за родови студии Приштина, Институтот за развој на заедницата од Тетово и Центар за советување и поддршка на жените Дора Дорс од Призрен.

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗАЛОЖБА
DEKLARATË PËR ANGAZHIM
DECLARATION OF COMMITMENT

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.