Спроведена работилница за зајакнување на капацитетите на претставници на 9 ГО

Од 31 март до 2 април 2017 во хотел „Гарденија“ во Велес се оддржа тридневна работилница на тема „Градење стратегии за зголемување на вклученоста на жените на локално ниво“ на која претставуваа 25 претставници од 9 граѓански организации.

Целта на обуката беше да се зголеми теоретското знаење и практичните вештини на учесниците за анализа и промоција на прашањето за зголемено учество на жените на локално ниво. Исто така преку темите опфатени за време на обуката се продлабочи знаењето на учесниците за постоечките модели на граѓанско учество во процесите на планирање и буџетирање на локално ниво како и моделите и техниките за акции од широк опфат и мобилизација на жени во овие процеси. Како резултат на работилницата претставниците на граѓанските организации развија акциски планови за акции од широк опфат кои се планира да се спроведат во 10те општини опфатени во проектот.

[envira-gallery id=”3615″]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.