Средба за вмрежување

На 19.10.2017, во хотел Порта, во Скопје, се оддржа средба за вмрежување на 9те организации кои беа вклучени во рамки на спроведување на проектот Развој на стратегии за зголемување на учеството на вклученоста на жените на локлано ниво, кој Акција Здруженска го спроведуваше како парнер организација на Консалтинг за стратешки развој.

Целта на средбата беше да се претстават стратешките модели за теренски опфат кои беа развини во текот на спроведувањето на проектот.

Претставнички од АЗ и КСР дадоа кус преглед на спроведените активности и постигнатите резултати во рамки на проектот. Дополнително организациите кои учествуваа, дадоа опис за текот на спроведувањето на моделите во нивните заедници и истакнаа дека и  заедниците и нивните организации гледаат потенцијал во ваквиот начин на работа.

КСР и АЗ ќе подготват прирачник за спроведување на стратешките модели за зголемено учество на жените на локално ниво.

[envira-gallery id=”3607″]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.