Дводневна работилница за “Проценка на собраниот материјал и насоки за финализирање на мониторинг извештаите“

Од 30-31.10.2010 во Хотел Амбасадор во Скопје се одржа дводневна работилница за “Проценка на собраниот материјал и насоки за финализирање на мониторинг извештаите“, на која присуствуваа мониторинг тимовите од организациите опфатени со проектот „Ефективен одговор за родова еднаквост на локалната самоуправа во Р. Македонија“.

Целта на оваа работилница беше да се направи проценка на собраниот материјал и да се дадат насоки за финализирање на извештаите подготвени од страна на мониторинг тимовите.

Оваа активност се реализира во рамките на годишната програма на Акција Здруженска, финансиски поддржана од Програмата CIVICA Mobilitas, Фондација Институт Отворено Општество-Македонија и Balkan Trust for Democracy.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.