Втора дводневна работилница за мониторинг тимовите на локални НВО

„Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“.

Втора дводневна работилница за мониторинг тимовите на локални НВО „Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“.

Од 25-27.06.2010 год. во Х. Алпина, Маврово се одржа втора дводневна работилница „Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“на која присуствуваа 21 монитор од 11 НВО.

Целта на оваа работилница беше да се изготви рамката за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво.

Оваа активност се реализира во рамките на годишната програма на Акција Здруженска финансиски поддржана од Програмата CIVICA Mobilitas, Фондација Институт Отворено Општество-Македонија и Balkan Trust for Democracy

Фотогалерија:

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.