Супервизорски посети за реализација на грантoви

Во текот на јуни 2018 година, тимот на Акција Здруженска ги посети партнерските организации: Граѓанска Иницијатива на Жените од Свети Николе, Женски Форум – Тетово и ОЖ Струмица. Средбите имаат за цел верификација на финансиските и наративните извештаи од досегашната реализација на доделените гранови. За време на посетите грантистите добиваат менторска поддршка која ќе придонесе […]

Иницијални состаноци со локалните партнерски организации и теренски посети во Мустафино, Добрејци и Дебар

Во рамките на подготвителната фаза во имплементацијата на проектот „Активни жени отчетни власти“ поддржан од Фондацијата Kvinna Till Kvinna, во текот на јуни 2018 година, тимот на Акција Здруженска ги посети локалните партнерски организации: Граѓанска Иницијатива на Жените од Свети Николе, Радика ДЕ од Дебар и ОЖ Струмица заради нивно запознавање со целите, активностите, очекуваните […]

Четврта редовна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

На 18 мај 2018 година се одржа четвртата редовна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација на жени на градот Струмица и […]

Трета средба за вмрежување на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

На 03 мај 2018 година се одржа третата по ред средба за вмрежување на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во хотел Бест Вестерн во Скопје, а на истата присуствуваа 15 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација […]

Втора координативна средба на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

На 03 април 2018 година се одржа втората редовна координативна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа 13 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација на жени Струмица и […]

Завршен настан на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“

На 27 март 2018 во Јавна Соба во Скопје се одржа завршен настан за промоција и споделување на резултатите од реализација на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“на централно ниво. Пред присутните беше промовирана публикацијата Третманот на родот во општинските програми и буџети Сумарен извештај од следење во општините Струмица, Кавадарци, Радовиш, Центар и Карпош […]

Организирани 5 локални дебати „Кон родово инклузивни локални буџети“ во општините Кавадарци, Струмица, Радовиш, Центар и Карпош

100тина претставници/чки на општинската администрација и советите, вклучувајќи ги и жените од заедницата од пет македонски општини, присуствуваа на петте локални дебати „Кон родово инклузивни локални буџети“, кои се одржаа во текот на месец март 2018 во општините Кавадарци, Струмица, Радовиш, Карпош и Центар. Предмет на дискусија на овие дебати беа поединечните резултати и препораки […]

Трета работилница со мониторинг тимови за финализација на извештаи од мониторинг

На 02 март 2018 во Јавна Соба во Скопје е одржана третата заедничка работилница со мониторинг тимовите наменета за финална подготовка на извештаи од следење со заклучоци и препораки од мониторинг. На работилницата присуствуваа 8 претставнички на ОЖ Визија – Кавадарци; Женска Акција-Радовиш; и Една Може- Скопје. Најпрво пред присутните беше даден генерален преглед на […]

Прва координативна средба на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

На 26 февруари 2018 година се одржа првата координативна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа 13 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово и и ГИЖ Св. Николе, додека […]

Менторска поддршка за подготовка на извештаи од следење

Во текот на февруари 2018, одржани се 5 поединечни менторски работилници и консултации за подготовка на извештаите од следење со мониторинг тимовите на Организација на Жени – Струмица; ОЖ Визија – Кавадарци; Женска Акција-Радовиш и Една Може – Скопје. Основ на менторската поддршка беа нацрт извештаите подготвени од тимовите, при што на секој тим поединечно […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.