17 политички партии ја потпишаа Декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Непосредно пред предвремените парламентарни избори во јули 2020, девет мрежи на здруженија на граѓани, кои заедно бројат повеќе од 100 здруженија, испратија барање до сите политички партии кои учествуваат на предвремените парламентарни избори, за поддршка на Декларација за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) од страна на идниот парламентарен состав.

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието: неговото донесување арбитрарно се одолговлекува што ги лишува граѓаните од ефективни и ефикасни механизми кои ќе ги заштитуваат од дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат во различни области. Со цел пресретнување на роковите за следниот извештај на Европската Комисија, избегнување на […]

Петгодишната неправда пред исправање: Усвојување на новиот закон за абортус веднаш и едногласно!

Невладините организации – поборници за правата на жените и за родовата еднаквост го поздравуваат усвојувањето на Предлог-законот за прекинување на бременоста од страна на Владата, но истовремно бараат во најкус можен рок овој предлог-закон да влезе во собраниска процедура, да се земат предвид листата на забелешки со цел подобрување на текстот и да биде едногласно […]

Забелешки на План 18 со препораки и предлог мерки за унапредување на родовата еднаквост

Во врска со процесот на подготовка на Планот 18, Платформата за родова еднаквост, Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска – Скопје и Коалицијата Маргини подготвија забелешки на План 18, со препораки и предлог мерки за унапредување на родовата.

Реакција на Платформата за родова еднаквост – Претседателот на државата е без основни познавања за родовата (не)еднаквост

Факти: 78% од жртвите на физичко насилство се жени додека 98% од сторители на семејно насилство се мажи. Од 2008 до 2016 година, регистрирани се 70 фемициди од кои 15 се случиле само во периодот 2013-2016. Над 3/4 од случаите на семејно насилство не се пријавени во ниту една јавно достапна служба. Секоја втора жена […]

Мислење со предлози за измени и дополнувања на Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на РМ и граѓанскиот сектор

Платформата за родова еднаквост, во која членуваат 22 организации, мрежи и коалиции коишто работат на полето на унапредување на родовата еднаквост, го поздравува процесот на ревизија и можноста за придонес во измените и дополнувањата на Одлуката со која се формира Советот за соработка помеѓу Владата на РМ и граѓанскиот сектор. Имајќи ја предвид важноста на […]

Придонес на Платформата за родова еднаквост кон Периодичниот преглед на индикативниот стратешки документ за ИПА 2 2014 – 2020

Платформата за родова еднаквост го поздравува третманот на родовата еднаквост како еден од клучните стратешки приоритети и хоризонтално прашање кое треба да биде адресирано во сите сектори. И покрај тоа, родовата еднаквост и зајакнувањето на жените во стратешкиот документ се недоволно елаборирани, а во одредени сектори сосема отсуствуваат. Со овој придонес Платформата за родова еднаквост, […]

Отворено писмо до политичките партии, подносители на листите на кандидати за локалните избори 2017

Платформата за родова еднаквост која ја сочинуваат 22 организации и мрежи, на 06 Септември 2017 година испрати отворено писмо до политичките партии, подносители на листи на кандидати за локални избори во Република Македонија.

ДРЖАВАТА НЕ ВОДИ ЕВИДЕНЦИЈА ЗА БРОЈОТ НА ПОВРЕДЕНИ И НЕСРЕЌИ НА РАБОТНО МЕСТО – Граѓанскиот сектор со алтернативен механизам

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ   Платформата за родова еднаквост изразува длабока загриженост поради смртта на три работнички кои изминатиов месец починаа на нивното работно место. Нашата загриженост се однесува на условите во кои се работи во фабриките во Република Македонија како и недостатокот од информации за соодветна реакција од страна на надлежните органи. Учеството на жените […]

Реакција по повод смртта на три работнички

Акција Здруженска, преку Платформата за родова еднаквост реагира по повод на смртта на три работнички во Македонија Од:Платформа за родова еднаквост До: Министерство за труд и социјална политика Државен инспекторат за труд Интер ресорска група за еднакви можности на жените и мажите Комисија за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Р. Македонија […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.