Жените од Црник учеа како здружени да создаваат промени

Женски активизам во село Црник

Во организација на организацијата „Жена“ од Делчево, на 19 јули се одржа инспиративна работилница во селото Црник, општина Пехчево, со група жени. Работилницата се одржа под мотото „Заеднички кон подобро локално управување“.

На средбата беше разговарано за предизвиците и можностите во селото Црник, како и за зајакнувањето на жените во локалниот развој. Освен тоа, жените зборуваа и за тоа, како преку заедничко делување можат да создадат позитивни промени.

Идеите што произлегоа од средбата се силен показател дека кога жените се здружени – заедницата расте, напредува и станува посилна.