ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА УНИФИЦИРАНИ И ПОЗИТИВНИ ПРАКСИ ЗА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Име на проектот: ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА УНИФИЦИРАНИ И ПОЗИТИВНИ ПРАКСИ ЗА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Project Duration: 01/01/2006 to 31/05/2008 Sources of funding: UNIFEM

Objective: Унифицирање на граѓанскиот судски систем и стандардизација на обезбедувачите на директни услуги; Унифицирање на одговорот на кривичниот судски систем на семејното насилство во Македонија

Results: Развиени е постапка за предлагање, издавање и продолжување на привремените мерки за заштита, како и процедура за имплементација и известување за привремените мерки за заштита; Министерството за труд  социјална политика изготви и воведе под-законски акт „Постапка за начините на имплементација и следење на мерките за заштита на семејството и жртвите на семејното насилство кои ги презема ЦСР и следење на привремените мерки за заштита“; Изработени се институционални форми и стандарди на постапување на различните обезбедувачи на услуги врз основа на екстензивен и сеопфатен процес на проценка на нивните организациски и институционални капацитети. Министерството за труд  социјална политика изготви и воведе под-законски акт кој ги пропишува стандардите за формирање и работење државни засолништа именувани како „Центри за жртви на семејно насилство“; Изготвени се и поднесени измени на Законот за семејство и Законот за социјална заштита и усвоени се од Собранието на РМ. Објавени се и дистрибуирани практични Прирачници за релевантните професионалци од граѓанскиот и кривичниот судски систем; Изработена е целосна листа на потребните докази за кривични случаи; Направени за измени на Кривичниот законик; Реализирани се две национални кампањи во текот на 16 меѓународни дена за борба против насилството врз жените.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.