ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА УНИФИЦИРАНИ И ПОЗИТИВНИ ПРАКСИ ЗА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Име на проектот: ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА УНИФИЦИРАНИ И ПОЗИТИВНИ ПРАКСИ ЗА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 01/01/2006 to 31/05/2008 Извор на финансирање: UNIFEM

Цели: Унифицирање на граѓанскиот судски систем и стандардизација на обезбедувачите на директни услуги; Унифицирање на одговорот на кривичниот судски систем на семејното насилство во Македонија

Резултати: Развиени е постапка за предлагање, издавање и продолжување на привремените мерки за заштита, како и процедура за имплементација и известување за привремените мерки за заштита; Министерството за труд  социјална политика изготви и воведе под-законски акт „Постапка за начините на имплементација и следење на мерките за заштита на семејството и жртвите на семејното насилство кои ги презема ЦСР и следење на привремените мерки за заштита“; Изработени се институционални форми и стандарди на постапување на различните обезбедувачи на услуги врз основа на екстензивен и сеопфатен процес на проценка на нивните организациски и институционални капацитети. Министерството за труд  социјална политика изготви и воведе под-законски акт кој ги пропишува стандардите за формирање и работење државни засолништа именувани како „Центри за жртви на семејно насилство“; Изготвени се и поднесени измени на Законот за семејство и Законот за социјална заштита и усвоени се од Собранието на РМ. Објавени се и дистрибуирани практични Прирачници за релевантните професионалци од граѓанскиот и кривичниот судски систем; Изработена е целосна листа на потребните докази за кривични случаи; Направени за измени на Кривичниот законик; Реализирани се две национални кампањи во текот на 16 меѓународни дена за борба против насилството врз жените.