На 29.07.2025 година во Каратманово, општина Лозово се одржа работилница со локални жени од рурална средина, посветена на запознавање со постојните социо-економските мерки и нивна примена во секојдневниот живот. Жените активно дискутираа за можностите што ги нудат овие мерки но и за потребите и предизвиците со кои се соочуваат.
Во текот на работилницата беа предложени конкретни нови мерки кои одговараат на конкретните потреби на жените од оваа заедница- воведување на субвенционирани автобуски линии или организиран јавен превоз до најблиските општини Свети Николе, Велес, поставување банкомат во селото, подобар пристап до здравствени услуги, услуги за грижа на возрасни, подршка на жени земјоделки.
Обуката ја спроведе тимот на Граѓанската иницијатива на жени Свети Николе, а проектот се реализира во рамки на иницијативата „Жените го превземаат водството во локалните заедници“, спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Акција Здруженска, Хуманитарно здружение Мајка – Куманово, кој е финансиран од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и ко-финансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.