Марш по повод институционалното игнорирање на потребите на жените

Во организација на ЛАГ Агро Лидер, жени од руралните средини од Бучин, неодамна излегоа на симболичен, тивок и достоинствен марш за да го потсетат општеството на вистинското значење на борбата за правата на жените.

Со силна, но ненасилна порака, тие укажаа на долгогодишното институционално игнорирање на нивните потреби и предизвици.

Оваа јавна акција е потсетник дека правата на жените не се подарок – тие се резултат на борба, солидарност и заедничко делување.

Погледнете го видеото од маршот и поддржете ја пораката: Наместо цвеќе – права!