На 7 и 8 ноември во Штип се одржа дводневна работилница посветена на јакнење на женското учество и видливост во процесите на креирање јавни политики, во организација на Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation како и Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово. На работилницата учествуваа активистки од Организацијата на жени од Струмица (ОЖС) и од „Женска акција“ – Радовиш.
Преку интерактивни сесии и групна работа, учесничките имаа можност да се запознаат со поимот јавна политика, клучните актери кои влијаат врз нејзиното креирање, како и со алатки и стратегии за препознавање на можностите за ефективно дејствување и застапување.
Во текот на двата дена, активистките споделуваа лични и организациски искуства, градеа заеднички пристапи и ја зајакнуваа меѓусебната солидарност, со цел поефикасно влијание врз институциите и јавните процеси. Работилницата ја истакна важноста на здруженото делување и континуираното учење како предуслов за одржливи општествени промени.
Активноста уште еднаш покажа дека кога жените се здружуваат, се охрабруваат и се оспособуваат, тие стануваат двигател на промени во заедницата и институциите.
Активноста беше поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, The Kvinna till Kvinna Foundation и Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје.





