КАМПАЊА „ЖЕНИТЕ БУЏЕТИРААТ“

11 март – 06 април 2016 „Жените буџетираат“ е теренска кампања на Акција Здруженска одржана во шест градови низ Македонија, чија цел е будењето на интересот на локалните жени за јавните финансии и општинските одлучувачки процеси. Кампањата започна на 11 март во Дебар, а следеа градовите Гостивар, Тетово, Свети Николе, Битола и Куманово. Настанот во […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.