НАЦИОНАЛНА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Партнерства за родова еднаквост

Во Акција Здруженска веруваме дека унапредувањето на родовата еднаквост бара заедничка акција. Затоа активно соработуваме со организации, институции и мрежи како на национално, така и на меѓународно ниво за да поттикнеме вистински промени.

Национални партнерства

Соработуваме со:

Меѓународна соработка

На глобално ниво, соработуваме со:

Овие соработки се клучни за остварување на нашата визија за поправеден, инклузивен и еднаков свет. Заедно ги рушиме бариерите, ги оспоруваме стереотипите и ги унапредуваме правата и достоинството на сите

Членство во мрежи

Меѓународна мрежа за родови политики (IGPN)

Акција Здруженска е една од основачките организации и полноправна членка на IGPN – http://igpn.net, непрофитна, невладина мрежа посветена на промоција на родово еднакви и сензитивни јавни политики на сите нивоа. Мрежата делува во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа, Кавказот и Централна Азија, застапувајќи ги женските права и примена на социјалните, економските и културните права на жените.

Платформа за родова еднаквост

Како основачка организација и активна членка на Платформата – http://rodovaplatforma.mk, Здруженска придонесува во изградба на родово еднакво општество преку здружено дејствување, застапување и промоција на родовата еднаквост како вредност. Платформата се води од принципите на солидарност, транспарентност, одговорност и проактивност.

Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата

Акција Здруженска е дел од оваа мрежа на организации и индивидуалци посветени на унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата и поддршка на нивната борба за еднаквост, слобода и достоинство.

ПОДДРЖЕТЕ ГО НАШИОТ ФОНД