Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Mama Cash ги поддржува жените, девојките, како и транс и интерсекс лицата во нивната борба за нивните права. Ние им даваме поддршка на активистите кои храбро го креваат својот глас, ги критикуваат угнетувачките или рестриктивните норми и практики и се залагаат за праведни закони.
Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.