Од локално на национално ниво: Кога жените зборуваат, институциите слушаат

Во изминатиот период, на три локации – во Карпош, Велес и во Штип, беа одржани работилници за градење капацитети за национално застапување, посветени на јакнење на женските гласови во јавните политики. Работилниците беа организирани од Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарното здружение Мајка – Куманово, во соработка со повеќе локални женски организации. […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.