Жените светиниколско ги истакнаа своите потреби и предлози за подобрување на нивната социо-економска положба

Во салата на Советот на општина Свети Николе неодамна се одржа консултативно-застапувачка средба на која учествуваа жени од седум женски кружоци од општините Свети Николе и Лозово, како и претставници на локалната самоуправа и релевантни институции. На средбата беа презентирани наодите од анализата за информираноста и искористеноста на постојните мерки за поддршка на жените од […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.