Шест конкретни барања до институциите за време на 16 дена активизам – 16 дена можност за конкретни одлуки, наместо конференции, свечености и празни ветувања!

Бараме мораториум на протоколарните настани и итни институционални мерки за спречување на насилството врз жените и фемицидите. Повик за поддршка е упатен и до меѓународната заедница, како и до жените од сите политички партии. Во пресрет на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство упатувaме јавен повик до Владата, Собранието, надлежните институции, меѓународната […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.