Идеи за подобар живот во Милино предложија жените од селото

Во организација на граѓанската иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, во село Милино,  општина Лозово, на 28 јули се одржа работилница на жените од локалната заедница, на која тие имаа можност да се запознаат со достапните социо-еконоски мерки и можности за поддршка во руралните средини.

Жените дискутираа за начините на пристап до поддршка на жените земјоделки, а зборуваа и за родовата еднаквост и улогата на жените во локалниот развој.

Присутните жени споделија искуства, предизвици и идеи за подобрување на животот во селото и ја истакнаа потребата од континуирана поддршка.

Во рамки на работилницата беа предложени нови социо-економски мерки, за потреби на жените од Милино.

Обуката ја спроведе тимот на ГИЖ Свети Николе, како дел од проектот „Жените го превземаат водството во локалните заедници”, спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Акција Здруженска и Хуманитарното здружение Мајка од Куманово, кој, пак, е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Свеерна Македонија и ко-финансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.