Работилницa за активна женска вклученост во Свети Николе

„Запознавање со социo-економските мерки и нивна примена во руралните заедници“, е името на информативно-едукативнa работилницa за активна женска вклученост во Свети Николе, која во организација на тимот на Граѓанската иницијатива на жени (ГИЖ) се одржа во во Ерџелија. На работилницата учествуваа жени од две различни заедници.

Целта на работилниците беше да се запознае пошироката женска заедница со актуелните социо-економски мерки што ги обезбедува општината, како и со начините на нивно искористување.

Во рамки на работилниците беа предложени нови мерки за социо-економските потреби на жените во руралните средини. Работилниците воедно претставуваат подготовка за идно учество на жените во локални застапувачки активности пред општинските власти.

Овие активности се дел од проектот „Жените го превземаат водството во локалните заедници” спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Aкција Здруженска, Хуманитарното здружение Мајка од Куманово, а е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.