Жените од Разловци се активираат: Заеднички кон подобро локално управување

Жените од Разловци

Во село Разловци, Делчево, Организацијата на жени во Делчево одржа едукативна работилница на која присуствуваа жени во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“.

Целта на работилницата беше да се информираат, охрабрат и поврзат жените за поактивно учество во донесувањето локални одлуки.

На работилницата се дискутираше за тоа, што точно работи Општина Делчево и кои се нејзините надлежности – како образование, патишта, социјална заштита,комунална хигиена, здравствена заштита, потоа, каде одат парите од буџетот за 2025 година и дали Разловци е доволно застапено.

Исто така беше дискутирано како жените можат да учествуваат во креирањето на локални политики, да поднесат иницијативи и да бараат конкретни промени.

Беа споделени и резултати од истражувањето за граѓанското учество на жените во селото. Беше утврдено дека многу жени се соочуваат со недостаток на информации, но имаат голема желба да придонесат за позитивни промени.

Жените од Разловци добија алатки и знаење како да дејствуваат, а на следната средба заеднички ќе формулираме предлози и барања до општината.