Акција Здруженска го сподели своето искуство во градење женско лидерство со учесничките на „Лидерската програма“ на Kvinna till Kvinna

Соња Хаџи-Николов од Акција Здруженска, се сретна со со учесничките на „Лидерската програма“ што ја спроведува канцеларијата на The Kvinna till Kvinna во Стокхолм, која е наменета за поддршка и развој на млади жени со миграциско потекло во Шведска.

На средбата, таа ги запозна учесничките со долгогодишното искуство и експертизата на организацијата во градење женско лидерство и зајакнување на жените во локалните заедници.

Преку споделување примери од теренската работа, беа истакнати начини на кои жените можат да станат двигателки на промени во своите заедници.

Програмата за лидерство на Тhe Kvinna till Kvinna, е национална иницијатива насочена кон развој на млади жени со миграциско потекло во Шведска, со цел тие да станат идни лидерки и двигателки на општествени промени. Програмата одговара на растечките општествени предизвици, како што се насилството, сегрегацијата, со кои се соочуваат лица што живеат во ранливи заедници. Со обезбедување на вештини за лидерство, целта е да се спротивстави на овие негативни појави и да се поттикне позитивен развој.

Програмата ги адресира сè поизразените општествени проблеми како што се насилството, сегрегацијата и криминалот во приградските области. Младите жени од овие заедници покажуваат огромен потенцијал да бидат двигателки на промени.

Преку едногодишна сеопфатна обука за лидерство, миграција и родова еднаквост, учесничките се оспособуваат да водат заеднички иницијативи и да придонесат за подобра иднина.