Петиција за почитување на репродуктивните права
Повик за реакција до Собранието на РМ
Акција Здруженска, го предизвика Парламентот да ги искористи сите расположиви механизми за политичка контрола и надзор над Владата, оценувајќи дека е недозволиво за еден носител на исклучително влијателна функција, во јавен говор од позиција на претседател на Владата на РМ, правата на жените да ги проблематизира и претставува како искривена вредност и бесполезно трошење енергија. […]
ЗОШТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА? (2013)
Предлог законот задира во основните слободи и права и според тоа претставува сложен и обемен закон и не смее да се носи во скратена постапка. Предлог законот за прекинување на бременоста ја укинува/брише досегашната одредба на слободен избор на жената за прекин на бременоста до 10 гестациска недела преку воведување на рестрикциони механизми кои не […]
Иницијатива за наталитет
Демографските политики и родовата еднаквост во Република Македонија: Мерките за унапредување на еднаквоста како мерки за зголемување на наталитетот Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ и организацијата „Реактор – Истражување во акција“ до надлежните институции, на 08.11.2012 доставија документ со предлог мерки за креирање соодветни политики за зголемување на стапката на родност. Целта […]
Беседа против мизогинијата
„Во името на правата, слободите и еднаквоста\” Акција Здруженска најостро реагира и ја осудува мизогинијата и говорот на омраза насочен кон жените во текстот „Беседа против абортусот\” на митрополитот брегалнички г. Илиарион, објавен во дневниот весник „Дневник\” на 08. 11. 2008 година. Сметаме дека објавениот текст е радикален израз на дискриминација и претставува екстремно кршење […]
Абортусот е право на избор!!!
Се обраќаме до македонската јавност со реакција на екстремно конзервативните, репресивни општествени струи, кои затскривајќи се зад параванот на религијата и заштитата на правото на човекот на живот, деновиве дистрибуираат постери и флаери со тврдење дека абортусот е убиство: \”Господ ги сака раѓањето и животот. Нашата МПЦ тоа многу пати го кажала\” ??? „Правото на […]