Соња Хаџи Николов е посветена активистка за родова еднаквост и програмски координатор на Акција Здруженска. Со високо академско образование во правните науки и многубројни обуки за унапредување на родовата еднаквост, ЦЕДАВ и мониторирање на буџети, Хаџи Николов од 2006 координира проекти насочени кон унапредување на родовата еднаквост во Македонија, развој, имплементација и мониторирање на законодавни иницијативи.
Хаџи Николов учествувала во значајни истражувања за превенција од домашното насилство, градење на капацитети на женските граѓански организации и евалуација на родово одговорното буџетирање на локално ниво.
Нејзината работа вклучува соработка со различни организации, вклучувајќи UN Women, ОБСЕ и Kvinna Till Kvinna, што дополнително го потврдува нејзиното знаење и искуство во областа на родовата еднаквост и социјалната правда.