Акција Здруженска е членка на Меѓународната мрежа на родови политики (ММРП) која е непрофитна, невладина организација чијашто цел е промовирање на родово правични и родово сензибилни јавни политики на сите нивоа од глобалното општество. ММРП се залага за вклучување на човековите права на жените во агендите на националните, регионалните и на глобалните политики и за целосно спроведување на социјалните, економските и на културните права на жените. ММРП претставува мрежа од независни организации и национални канцеларии во земјите од коишто произлегува Мрежната програма за жени на Институтот Отворено општество (МПЖ/ИОО). Се наоѓаме насекаде во Средна, Источна и во Југоисточна Европа, на Кавказот и во Средна Азија. Нашите заеднички вредности, визии, искуство и соработка на повеќе проекти ја создаваат основата за заеднички напори во насока на обезбедување на женските права на национално, регионално и на глобално ниво. Нашите досегашни искуства со бројни иновативни регионални програми во рамките на МПЖ/ИОО претставуваат клучен капитал за нашата успешна соработка како независна мрежа. Главната цел на ММРП е да се обезбеди одговорност на национално, регионално и на глобално ниво во областа на женските права и на родовата еднаквост. ММРП ги реализира своите цели преку: спроведување на истражувања и анализи на политиките за да обезбеди мониторинг и одговорност во делот на главните спогодби во областа на женските права и на родовата еднаквост давање придонес кон националните, регионалните и кон глобалните јавни политики во врска со родовата еднаквост промовирање на ефективни и одговорни доминантни родови стратегии во општествените токови стратегиско ангажирање на повеќе засегнати страни во унапредувањето на женските права (вклучувајќи ги и организациите и мрежите од граѓанското општество, владите, меѓународните агенции, донаторите, итн.). Членството на ММРП: Основачки членки на ММРП се институционалните партнери на Мрежната програма за жени на ИОО. Асоцијативни членки на ММРП се националните канцеларии за врски кои, исто така, се координатори на програмите за жени во рамките на локалните Сорос фондации во регионот. По својата тековна првична фаза, ММРП ќе изготви насоки за проширување на мрежата.