Жените влегуваат во општините

Видеото „Жените влегуваат во општините“ ги прикажува искуствата на жените при застапувањe пред општинските власти. Ова е третото видео дел од серијалот „Градење на автентичен локален женски активизам„ кој има за цел промоција на женското граѓанско учество и се состои од четири кратки видеа во кои пет жени од различни локации ги споделуваат нивните предизвици, искуства и позитивни промени од процесот на едукација, мобилизација и застапување пред општинските власти.

Проектот е финансиран од: The Kvinna till Kvinna Foundation. Видеото е изработено од:
https://suterenstudio.com/

 

 

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.