ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ ОД ТРКАЛЕЗНАТА МАСА „Економските можности за жените на локално ниво„ одржана во Скопје, 27 април, 2016

Tркалезната маса беше реализирана во рамки на Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово. Проектот го реализира Акција Здруженска, во партнерство со Косовскиот центар за родови студии, Институтот за развој на заедницата од Тетово и Центар за советување и поддршка на жените Дора Дорс од Призрен.

На тркалезната маса беа претставени резултатите и препораките од истражувањето „Состојбата со еднаквоста на пазарот на трудот и достоинството, интегритетот и родово заснованото насислтво во Полошкиот регион“,  а беа споделени и податоци од истражувањето на состојбата во овие области на Косово.

Освен препораките од истражувањето, во рамките на дискусијата произлегоа следниве генерални заклучоци и препораки во однос на три клучни прашања на кои се дискутираше: