Хуманитарно здружение „Мајка“ (Х.З. „Мајка“) е самостојно, независно, невладино, непартиско и непрофитно здружение во кое членките ги остваруваат своите заеднички општествени, економски, социјални, хуманитарни, образовни и културни интереси и цели заради обезбедување на човековите права и слободи и создавање на еднакви можности за мажите и жените.
Мисијата на ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани е да промовира и да придонесе кон одржлив рурален развој на територијата на општините Кривогаштани, Долнени и Крушево преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал
Женски Форум-Тетово е невладина организација која работи во северниот и западниот дел на Македонија на подигање на свеста на жената за нејзино осамостојување, јакнење на нејзината самодоверба и непречена интеграција во општествените текови.
ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија е доброволно, независно и непрофитно здружение на граѓани во кое се здружени лица кои имаат лични и заеднички интереси за унапредување на активноста на жените и нивна еманципација, како и заради реализирање на активности во областа на женските човекови права, унапредување на положбата на жените во општеството, родовата рамноправност, покренување на одредени иницијативи, развој на женско претприемаштво и борба против насилство врз жените.
Организација Жена Делчево има мисија да придонесе кон зајакнување на жените, младите и маргинализираните и ранливи групи преку едукација, информирање поттикнување на претпримнички иницијативи, граѓански акции во сите области на општественото живеење за градење на еднакви можности за работа на општествено економскиот развој на локално и регионално ниво.
Организација на жени од Струмица (ОЖС) е основана во 1991 година и речиси триесет години е единствената женска граѓанска организација во Југоисточниот регион на државата која во континуитет работи на промовирање и застапување на политики базирани на еднакви можности, недискриминација и ненасилство врз жените и девојчињата.