ТИМ

Тим на Акција Здруженска

Основачите и членовите на Акција Здруженска се посветени активистки со длабоки познавања на женскиот НВО сектор, стекнати преку долгогодишно активно учество и ангажман во различни иницијативи и проекти за унапредување на родовата еднаквост.  Поседуваат капацитет и вештини кои им овозможуваат да ги идентификуваат специфичните потреби, да ги препознаат  предизвиците во развојот на женското движење и да го насочуваат и издигнат на ниво на општествено влијание.

Марија Савовска
Извршна директорка
Марија Савовска

Марија Савовска, е посветена активистка за родова еднаквост, организациски лидер и извршен директор на Акција Здруженска.  Со високо академско образование во драмските уметности и социјалните науки, Савовска е магистрант на Институтот за социјални науки и хуманистики во Скопје и има завршено напредни курсеви во делот на родова еднаквост, лидерство и управување со проекти. Преку годините, имаа стекнато обемно искуство во управувањето со програми и давање консултантски услуги за родови прашања, правата на жените и организациски развој, работeјќи со меѓународни организации како што се ОБСЕ, UN Women, GIZ и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Експертизата на Савовска вклучува стратегиско планирање, адвокација и развој на капацитети, со фокус на овластување на локалните женски организации и унапредување на родови политики. Савовска е коавтор на неколку публикации и има придонесено во бројни евалуации поврзани со родова еднаквост, политичкото учество на жените и превенција на домашно насилство. Дополнително, има заземено водечки позиции во различни професионални тела и била член на повеќе советодавни и програмски одбори, вклучувајќи го и Глобалниот фонд за жени и Мрежата за родова политика на Западен Балкан.

Соња Хаџи Николов
Програмски координатор
Соња Хаџи Николов

Соња Хаџи Николов е посветена активистка за родова еднаквост и програмски координатор на Акција Здруженска. Со високо академско образование во правните науки и многубројни обуки за унапредување на родовата еднаквост, ЦЕДАВ и мониторирање на буџети, Хаџи Николов од 2006 координира проекти насочени кон унапредување на родовата еднаквост во Македонија, развој, имплементација и мониторирање на законодавни иницијативи.

Хаџи Николов учествувала во значајни истражувања за превенција од домашното насилство, градење на капацитети на женските граѓански организации и евалуација на родово одговорното буџетирање на локално ниво.

Нејзината работа вклучува соработка со различни организации, вклучувајќи UN Women, ОБСЕ и Kvinna Till Kvinna, што дополнително го потврдува нејзиното знаење и искуство во областа на родовата еднаквост и социјалната правда.

Сузана Гроздановска Филевска
Координатор за грантови
Сузана Гроздановска Филевска

Сузана Гроздановска Филевска е посветена активистка за родова еднаквост и координатор за грантови на Акција Здруженска. Има завршено високо академско образование и многубројни напредни курсеви во делот на родовата еднаквост, управување со проекти и финансиско планирање за цивилни организации.

Нејзините одговорности вклучуваат подготовка на грант документација, мониторинг и евалуација на финансиски и наративни извештаи, како и поддршка на имплементацијата на проекти фокусирани на родова еднаквост. Сузана има клучна улога во подготовката на грант документација, мониторинг и евалуција, како и во организирањето на фокус групи, одржувањето на бази на податоци за проекти и менторирање на локални НВО во финансиско и административно управување.

Во текот на својата кариера со своето долгогодишно искуство, Сузана придонела во бројни истражувачки студии и анализи на политики, посебно во областа на родовата еднаквост, политичкото учество на жените и мониторинг на родовите политики во Македонија притоа давајќи значаен придонес кон оснажувањето на жените во заедницата.

Јулијана Карговска
Координатор за финансии
Јулијана Карговска

Карговска е посветена активистка за родова еднаквост и координатор за админ и финансии на Акција Здруженска со различно искуство во областа на корисничка поддршка, заштита на податоци и организациско управување.

Со долгогодишно професионално усовршување преку бројни напредни курсеви, вклучувајќи тренинг за корисничка поддршка, Microsoft Office, спречување на измама, подготовка за ISO сертификација заштита на личните податоци, Карговска е искусен администратор и финансиски професионалец.

Нејзините претходни улоги вклучуваат административна и финансиска поддршка за реномираната „Тиквешка винска патека“, како и долгорочно искуство во Македонски телекомуникации, каде управувала со задачи на извршно ниво и ја поддржувала корисничката поддршка за меѓународни повици и услуги. Нејзината кариера го одразува нејзиното посветување на ефикасноста, заштитата на податоците и унапредувањето на родовата еднаквост