Работилници за инструктажа на аниматорки во Делчево и во Прилеп

Зошто е важно женското учество во локалните процеси на планирање и донесување одлуки? Ова е само една од темите кои беа дискутирани на работилниците за инструктажа на аниматорки, кои во април се одржаа во Прилеп и во Делчево. Нови жени од нови локации, учеа како да ја спроведуваат теренската методологија која ја разви „Акција Здруженска“. […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.