Работилници за инструктажа на аниматорки во Делчево и во Прилеп

Зошто е важно женското учество во локалните процеси на планирање и донесување одлуки? Ова е само една од темите кои беа дискутирани на работилниците за инструктажа на аниматорки, кои во април се одржаа во Прилеп и во Делчево.

Нови жени од нови локации, учеа како да ја спроведуваат теренската методологија која ја разви „Акција Здруженска“.

На работилниците, жени од селата Разловци, Тработивиште и Црник, како и жени од селата Бучин, Дебреште, Воѓани и Бела Вода, зборуваа за проблемите со кои се соочуваат во нивните населени места и споделуваа искуства за тоа, дали досега побарале некаква помош од општината за решавање на некој проблем. Тие беа запознаени со целта и клучните прашања од интерес на спроведување на испитувањето на заедницата.

Жените беа воведени во испитувањето на заедницата како метод, учеа и за мапирањето како чекор за идентификација на целната група која се испитува, а беа запознаени и со деталното претставување на содржината на прашалникот.