Во организација на Организација Жена од Делчево, неодамна се одржа првиот мрежен состанок на жени од руралните средини Тработивиште, Разловци и селото Црник (Пехчево), со цел зајакнување на нивната меѓусебна соработка и поддршка. На средбата се дискутираше за начинот на формирање и функционирање на женските јадра во трите заедници, како и за можностите за подобрување на комуникацијата и заедничкото делување.
Посебен акцент беше ставен на резултатите од претходно спроведените анкети, при што учесничките заеднички ги идентификуваа клучните потреби и предизвици со кои се соочуваат жените во овие рурални средини. Во рамки на отворената дискусија, тие ги споделија и своите актуелни проблеми и приоритети, што ќе послужи како основа за креирање на идни активности и иницијативи.
Од Организација Жена посочуваат дека овој состанок претставува значаен прв чекор кон воспоставување на силна и одржлива мрежа на жени, која ќе придонесе за подобрување на нивната положба и поголема вклученост во заедницата.





