Во организација на „Женска акција“ Радовиш, се одржа работилница во рамки на проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“, на која учествуваа жени од локалните женски кружоци од Конче, Ораовица, Злеово, како и од урбаните заедници УЗ5 и УЗ2 во Радовиш.
На работилницата беа презентирани резултатите од спроведеното истражување за користењето и нивото на задоволство на жените од општинските е-услуги. Учесничките активно дискутираа и предложија неколку клучни препораки, кои претставуваат значаен чекор кон поефективно застапување и унапредување на состојбите, особено во насока на надминување на дигиталниот јаз помеѓу жените и мажите на локално ниво. Активноста е дел од поширокиот проект „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, кој го спроведуваат Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово. Проектот е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Амбасадата на Шведска во Скопје.





