Жителките на Разловци предлoжија решенија за предизвиците со кои се соочуваат

Кои се вистинските проблеми на жените во Разловци и кои се приоритетите што мора да се решат со поддршка од општината? На овие теми, на 7 август дискутираа жените од Разловци и ги анализираа секојдневните предизвици со кои се соочуваат.

По анализата на предизвиците, тие истите ги претворија во конкретни предлози за локални политики: јасни, аргументирани и подготвени за застапување, со што ова не беше само работилница, туку е градење женски гласови што се слушаат во процесите на одлучување.

Жените од Разловци работеа на формулирање предлог-решенија поврзани со недостаток на чиста вода за пиење, локален транспорт, улично осветлување, здравство, патишта, безбедност и јавни комунални услуги. Првичната листа на приоритети ќе биде надградена со мислење од останатите жителки на Разловци и потоа претставена пред локалната власт.